Роднини на Зоран Заев основале фирми во Бугарија кои се занимаваат со градежништво, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дуелот со Заев на Канал 5.
„Дури ни роднините не веруваат во економските мерки на оваа држава“, рече Мицкоски.
Во свој стил, на ова Заев се налути и возврати како фирмите на неговото семејство се пример во државата и го повтори тоа дека Мицкоски бил вработен во факултетот каде што работи неговиот татко.
Мојот родител Иван Мицкоски никогаш не учествувал ниту во оценка ниту во изготвувањето на магистерскиот и докторскиот труд, а тоа ќе се потврди и на крајот од емисијата кога ќе се утврдат фактите кои што се изнесуваат за време на емисијата, возврати Мицкоски.
„Напротив, еден ваш соработник во Владата бил дел од комисијата и за докторскиот и за магистерскиот труд и може лично да ви посведочи дали мојот родител бил или не бил“, рече Мицкоски.
Тој посочи и дека наспроти тоа, Заев имал од што да учи бидејќи, јавноста знаела дека неговиот татко бил обвинет за крадење на електрична енергија, потенцирајќи дека тој му е пример во животот како да се однесува.
„Изгледа вашиот родител добро ве научил, бидејќи тој имаше едно обвинение за кражба на електрична енергија, па сигурно не го влечете вака пример во животот како да се однесувате понатаму“, одговори Мицкоски.
Инаку, еве како течеше дебата за фирмите на Заеви во Бугарија:
МИЦКОСКИ: Господине Заев катастрофална ви е економијата, не ве бива и треба да си го признаете тоа. Немате ниту еден резултат, бројките не се на ваша страна. Господине Заев дали ви значи нешто фирмата „Гомасиндра“?
ЗАЕВ: Не ми значи!
МИЦСКОСКИ: Господине Заев, оваа фирма е во сопственост на вашиот братучед Трајче Заев. Дали ја знаете фирмата „Радиша Трејд“?
ЗАЕВ: Не!
МИЦКОСКИ: Таа фирма е во сопственост на Радиша Боеви Заев. Дали ја знаете фирмата „Ориент Груп“? Таа е исто така во сопственост на Трајче Заев. Тие се во сопственост на Бугарија, тие не веруваат господине Заев во вашите економски политики, а вие очекувате македонските граѓани да веруваат, кога вашите најблиски не веруваат!
На ова, Заев се предомисли и почна да се правда дека Заеви плаќаат милионски суми данок во Македонија имаат по 1000 вработени во нивните фирми.
-Да но продаваат производи и во Бугарија и во Јапонија и во Канада и во Русија и во Брисел и во Велика Британија. Мамасот го има секаде, домашен продукт е – рече Заев.
-Господине Заев, овде нема за Мамас, овде е градежништво, „строителство“ вика. Овде нема врска со Мамас и со корнишоните, му порача Мицкоски.