Американскиот потпретседател Мајк Пенс објави дека Американците „по секоја цена“ повторно ќе слетаат на Месечината во следните пет години.

„Предизвикот” на Пенс беше прифатен од страна на највисоките претставници на американската вселенска агенција НАСА.

„Денес сме во вселенска трка, исто како што бевме во 1960-тите”, рече Пенс на состанокот на Националниот совет за вселената во Хантсвил, Алабама.

НАСА претходно објави дека планира повторно да испрати астронаути на Месечината до 2028 година.