Германскиот хегемон Баерн Минхен продолжува со силната селекција за новата сезона, откако договори уште еден светски шампион.
Станува збор за Лука Ернандез, кој пристигнува од Атлетико Мадрид во текот на летото и ќе игра на „Алијанц Арена“ барем пет сезони. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на Баерн.
Дваесет и три-годишниот дефанзивец беше поврзуван доста време со баварците, кои очигледно се обидуваа да ја намалат трансферната сума. На крајот тие ќе платат на „јорганџиите“ 80 милиони евра, колку што се утврдени во клаузулата за откупување на играчот.
Така Лука Ернандез се претвора во најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен. Досега рекордот го држеше неговиот сонародник Корентен Толисо, земен од Лион за 41.500.000 евра.
Интересно е дека во новата сезона во Минхен ќе играат тројца актуелни светски шампиони, бидејќи друштво на Толисио и Ернандез ќе им прави договорениот од Штутгарт претходно оваа година, Бенжамен Павар