Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тројца членови на француската Влада поднеле оставка.
Меѓу нив е и министерката за европски прашања Натали Лоазо, која ќе ја води кампањата на неговата партија Републиката во движење на изборите за Европскиот парламент.
Макрон рече дека оставките поднле владиниот портпарол Бенџамин Гриво и министерот за дигитални прашања Мунир Махжуби.
Гриво и Махжуби рекле дека сакаат да се кандидираат за градоначалник на Париз следната година.