САД можат да го зголемат притисокот врз Владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро со употреба на воена сила, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој рече дека венецуелските власти во моментов се под силен притисок, бидејќи немаат пари, нафта, струја или нешто друго.

„Покрај воен, не можеме да извршиме поголем притисок отколку што веќе го направивме. Сите опции се отворени”, истакна Трамп.

Во Венецуела, постои политичка криза веќе два месеци, бидејќи лидерот на опозицијата Хуан Гваидо незаконски беше прогласен за привремен претседател на земјата на крајот од јануари.

Гваидо беше поддржан од САД, како и од некои земји од ЕУ и од Латинска Америка, додека сегашниот претседател Николас Мадуро, меѓу другото, ги поддржаа Русија, Кина и Куба.