На Меѓународниот Аеродром Скопје претпладнево беше изведена вежба во која припадници на аеродромското обезбедување и на Министерството за внатрешни работи симулираа деактивирање експлозивна направа на аеродромот.
Вежбата почна во 9 часот и 25 минути, а ТАВ Македонија ги извести патниците дека станува збор за вежбовна активност и авионските летови ќе се одвиваат непречено.
Оттаму изјавија дека ваквите вежби се дел од редовните активности на Одделот за обезбедување на аеродромот во соработка со Министерството за внатрешни работи.