Манчестер јунајтед денеска потпиша договор со Оле Гунар Солскјер по што тој веќе не е привремен туку официјално, менаџер на клубот од „Олд Трафорд“. Според „The Sun“, платата на 46-годишниот норвешки фудбалски стручњак ќе изнесува 8,7 милиони евра по сезона.

На овој начин, Солскјер се најде на третото место на листата на најплатените тренери на Премиер лигата.

Пред него се Џозеп Гвардола (Манчестер сити) со плата од 17,5 милиони евра годишно и Маурисио Покетино (Тотенхем) – 10 милиони евра.

Норвежанецот го надмина Јирген Клоп (Ливерпул) – 8,2 милиони евра, Унаи Емери (Арсенал) – 7 милиони евра и Маурицио Сари (Челзи) – 6 милиони евра.

За потсетување, Солскјер го презема МЈ во декември 2018 година, наследувајќи го на тренерската функција Жозе Мурињо кој заработуваше 17,5 милиони евра по сезона.