Повеќе медиуми објавија дека очевидци сведочат оти денеска премиерот Зоран Заев низ Охрид се возел со блиндиран мерцедес, кој е гребан од мачки, според тврдењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Станува збор за мерцедесот за кој поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска на четири години затвор итн.
Тоа е истиот оној мерцедес за кој шарените проценуваа колку амбулантни возила вреди и дека истите ќе бидат купени со неговата продажба штом СДСМ дојде на власт.
Блиндираниот мерцедес е истиот со кој владините служби возат високи гости од странство, како генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј и други, а за кој од Владата тврдат дека премерот Заев не го користи.
Па, луѓе бре, има ли смисла ова? Премиерот, и потенцијален нобеловец за мир, Заев, го возите во мерцедес гребан од криминални мачки, башка тој е и доказ во постапка за криминални дела. Јосип Броз Тито, со кого го споредуваат младите во партијата на Заев, никогаш не се возел во изгребан мерцедес, па уште и од мачки.
Инаку, како што е веќе познато, мачките кои го изгребаа мерцедесот, а за кои соопшти министерот Спасовски, се уште се во бегство.