Македонски народни пословици и поговорки

Облече се Алија пак сос тија.

Отвори си очите да не ти ги отворат.

Попарен петел и од д’ж бега.

Прегален светец и Богу не је драг.

Присмејал се цереп на грнето зашто нема ухо.

Празен маж – остар нож.

Покриено млеко мачки не јадат.

Пофали го, та му извади очите.

Прави си устата да ти јаде мед.

Прав како јаже воф торба.

Прав му пат како лук.

Припка (рипа) како луд.

През морето да те претара и вода да непиеш.

Пази Боже од туна боза, пијана жена и бесна свинја.

Шрилича ми како звонец на свиња и обрач на тиква.

Рибата од главата смрди.

Рибата оште в водата, а готват тавата.

Режи го како пресно сирење.

Слепа кокошка кога прогледне сака да се качи на петелот.

Сос ветер не се вапсува (боја не се прави).

Стори добро та најде зло (лошо).

Кога слепо погледне далеч види.

Сос тугј хлеб мајчини помин.

Сичко Мара фтасала, саде се не изчесала.

Сос устата си враб(п)ци лови.

Сос едн(ј)его отиде, сос двајца дојде.

Спије како зајец.

Сос една ластовица не бива пролет.

Страх лозје чува.

В зидот и малиј и големиј камен вцлезат.

Трпен спасен.

Трај конјо до зелена трева.

Тебе говорим ќерко, а усешајс е снахо.

Трепери како лист.

Ти гфо тераш на пат, тој иде в трње.

Бежанова мајка не плаче а Стојанова.

В тужа манџа сол не турај.

Секоја круша се држи от опашката си.

Секој има погрешка, а на кого му се види нему му се смејат.

Видите му (погледнете му) умот и скројте му кјулавка.

Јажето се кине де е најтанко.

Видоха у слепца едно око и това сакат да му го извадат.

Секоја коза си има своја брада.

Секоја мома знаје да пеје у дома си, а да ја видите на хорото.

Од записите на Константин Петкович.

Константин М. Петкович е роден во 1826 година во Башино Село, Велешко Основно образование стекнал во родното место, подоцна образованието го продолжил во Русија, на Петербуршкиот универзитет студирал словенска филологија кај познатиот славист Измаил Иванович Срезњевски. Десетина години работел во рускиот конзулат во Дубровник, најпрвин како секретар, а подоцна како конзул.

Бил конзул и во Бејрут. Починал во Одеса во 1898 година. Познат е како поет, преведувач, дипломат, собирач на македонски народни умотворби итн. За делото на Константин Петкович кај нас имаат пишувано Александар, Спасов, Харалампие Поленаковиќ, Људмил Спасов, Симон Дракул и др.

(Подготви Марко Китевски)