Активистката за заштита на животната средина Зузана Чапутова е избрана за прва жена претседател на Словачка.
Чапутова врз основа на 51 проценти изброени гласови освои 58 отсто, додека нејзиниот противкандидат Марош Шефчович добил 42 проценти од гласовите.
Шефчович, кој е потпретседател на Европска комисија, изјави дека и се јавил на Чапутова и и ја честитал победата.