Една од најбогатите жени во Русија, претседателката на одборот на директори и косопственик на „Група С7″ Наталија Филева, загина во несреќа со мал авион што се урна синоќа во Германија.

Три лица загинаа синоќа во авионска несреќа во близина на Франкфурт, а уште две лица загинаа во судир на автомобил со полициско возило што се движело кон местото на несреќата, соопшти германската полиција.

Филева (55), чие богатство се проценува на 600 милиони долари, беше на авионот што леташе од Кан и се урна при приближување кон мал аеродром во Егелсбах, на југозапад во Германија.


Егелсбах се наоѓа околу десет километри јужно од Франкфурт. Во авионот имало три лица меѓу кои и пилотот.