Јувентус вечерва го победи Милан на домашен терен со 2:1 во натпревар од 31. коло на Италијанското фудбалско првенство. По оваа победа „Бјанко-нерите“ се на само една победа од одбрана на трофејот.

Милан прв дојде во водство преку Кшиштоф Пјатек во 39.минута. Паоло Дибала во 60. минута од пенал изедначи на 1:1, а победата за Јувентус ја донесе Моиз Кин во 84. минута.

Јувентус е лидер со 84 бода зголемувајќи ја предноста пред Наполи кој досега собра 63 бода. Трет е Интер со 56, додека Милан остана на 52 бода