Агресивен сдсмовец, кој уништуваше изборни плакати на кандидатката за претседател на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова, со погрдни зборови и физички се обиде да нападне момче кое го снимаше моментот кога тој уништуваше плакати.

– Не сум јас за тебе овој, мајмуне, јас сум за тебе господин- му вресна агресивниот граѓанин и со пцовки и најпогрдни зборови му се обрати на момчето.

Тој му се закани на момчето со зборовите „ќе те најдам под дрво и под камен“.

Овој предизборен инцидент се случи денеска во општина Аеродром. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како еден од активистите на УМС снима член на СДСМ кој уништува изборен рекламен материјал на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Силјановска Давкова.

На видеото се гледа како членот на СДСМ трга да го нападне момчето и му се заканува.

Урбаните фаци на СДС https://twitter.com/susantoroj/status/1115289762942918656

Gepostet von Павел Шатев am Montag, 8. April 2019