Италијанскиот клуб Фиорентина официјално го објави назначувањето на Винченцо Монтенела за тренер на „виолетовите“.
Поранешниот италијански репрезентативец го замени Стефано Пиоли. Договорот на стратегот со Фиорентина е до 30 јуни 2021 година. Претходно денес, „авиончето“ пристигнаа во Фиренца за да потпише договор со тосканскиот клуб.
Четириесет и четири годишниот Монтела по втор пат во кариерата ја презема Фиорентина. Тој беше ментор на тимот и во периодот 2012-2015 година.
Монтела исто така ги предводеше екипите на Рома, Катанија, Сампдорија, Милан и Севиља.
Поранешниот напаѓач беше без работа од април 2018 година, кога беше отпуштен од шпанскиот тим.