Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени при денешната експлозија во станбена зграда во американската држава Северна Каролина.
Експлозијата се случи во центарот на градот Дарем, а локални медиуми јавија дека до неа дошло поради истекување на гас во објектот.
Полицискиот службеник Вил Глен изјави дека најмалку едно лице загинало на местото на експлозијата, а 15 други се повредени.
Експлозијата предизвикала пожар во зградата, а противпожарните екипи се ангажирани за негово гаснење. Истрагата е во тек.