Премиерот Зоран Заев и кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски почнаа да го учат албанскиот јазик и на добар пат се тие побргу да научат албански отколку лидерот на ДУИ, Али Ахмети македонски.

Тие солидно научиле да кажат на албански „башка пер пара“ (bashka per para), односно на македонски „заедно напред“. Нивниот изговор го тестираат на митинзите.

Не им е совршен албанскиот изговор, но за нивна среќа, укинато е екстерното тестирање. Слушнете ги и оценете кој повеќе го совладал албанскиот акцент.