Околу 180.000 пчели, кои живееле во кошници на кровот на катедралата Нотр Дам го преживеаја неодамнешниот пожар во оваа црква.
„Ми олесна кога видев сателитски снимки, кои покажуваат дека не се изгорени трите кошници. Мислев дека отидоа со катедралата”, вели пчеларот на Нотр Даме Николас Жион.
Тој се грижи за пчелите од 2013 година, кога кошниците беа поставени на покривот на Нотр Дам како дел од Иницијативата на градот Париз да се зголеми бројот на пчелите.
Жион објаснува дека инсектите немаат бели дробови. Наместо да ги убие, јаглерод диоксидот во чадот ги доведува во состојба на зашеметеност.
Кога пчелите го почувствувале пожарот, тие „навалиле на мед” и ја чувале својата матица.
Европската пчели никогаш не ги напуштаат своите кошници, заклучи Жион.