Кина денеска предупреди дека одлуката на САД да воведат санкции против купувачите на иранска нафта ќе „ги интензивира превирањата“ на Блискиот Исток и на меѓународниот енергетски пазар.
Вашингтон пост повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници, објави дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео најави дека „Стејт департментот од 2 мај нема повеќе да одобрува исклучоци, вклучувајќи го и големиот увозник Кина, од примената на санкциите кон Иран за ниту една земја која во моментот увезува иранска сурова нафта или кондензат (ултралесен облик на сурова нафта).
– Таквиот чекор на САД ќе ги интензивира немирите на Блискиот исток и превирањата на меѓународниот енергетски пазар, изјави портпаролот на кинеското МНР на редовен брифинг.