Политичка трговија ниту била, ниту ќе е на дневен ред кога станува збор за Специјалното јавно обвинителство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на „Отворено“.
Тој посочи дека власта треба да прифати сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство за да покаже дека има волја од нивна страна.
Мицкоски укажа дека треба само да се почитува правото и да биде задоволена правдата.
Говорејќи за правосудството Мицкоски укажа и на некои конкретни случаи.
-Знаете дека дел од поротниците во процесот за 27-ми април си дадоа оставки зошто не се сложија со тоа како е воден процесот и дека пресудата е донесена без тие да бидат консултирани. Не сакале само да се согласуваат оти била донесена пресудата, а тие требале да дигнат само два прста, посочи Мицкоски.