Американска оперска пејачка Черити Тилемен-Дик почина на 35-годишна возраст, објави нејзиното семејство на Фејсбук.
Пејачката со години се бореше со хипертензија на белите дробови. Имаше и две трансплантации на бели дробови, но и покрај сè, со својот глас ги одушевуваше милионите обожаватели ширум САД, Европа и Азија.
– Животот е полн со смрт, музиката е полна тага, напиша дивата во своите мемоари објавени 2017 година.