Твитерџијата Доминик Аполон собрал повеќе од половина милиони лајкови на фотографија од својата рака со фластер на неа. Но, зошто?
Затоа што Доминик за првпат во животот наишол на фластери во тонот на својата кожа и за првпат во животот на своето тело ставил фластер кој не отскокнувал од неговиот тен.
It's taken me 45 trips around the sun, but for the first time in my life I know what it feels like to have a "band-aid" in my own skin tone. You can barely even spot it in the first image. For real I'm holding back tears. pic.twitter.com/GZR7hRBkJf
— Dominique Apollon (@ApollonTweets) 19 April 2019
“Ми требаа 45 патувања околу Сонцето, но за првпат во животот знам како е да имате фластер во боја на кожа на себе. На првата фотографија едвај можете и да го воочите. Навистина, едвај ги воздржувам солзите”, напишал Аполон, а неговата објава воодушевила многумина.
Подоцна додал: “Не е дека не знаев дека постојат вакви фластери, само не очекував ваква навала на емоции во моментот кога видов како се вклопува”.
Под неговата објава се појавиле коментари од многумина кои сфатиле зошто овој момент толку го трогнал и додале дека токму таквите ситници како фластерот кај нив како деца создавале свесност за расата:
“Се сеќавам дека секогаш ја прашував мојата мајка зошто е фластерот токму во таа боја”, додала една корисничка на Твитер, а Доминик за споредба објавил и фотографија од својата рака со проѕирен фластер.
Clear one looks like this on me. It's a white patch in the middle. But honestly if you're focusing on the band-aid, you missed the point. It's not about an exact skin match for all people. It's about belonging. Racial inclusion. It's not about the band-aid. pic.twitter.com/hLjQ64J7y4
— Dominique Apollon (@ApollonTweets) 23 April 2019
Во расправата се вклучил и актерот Џон Бојега:
“Да! На сетовите кога често добиваме исекотини, визажистите мора да ги бојат фластерите во кафеава боја”, напишал тој.