ВМРО-ДПМНЕ на сите верници во Република Македонија и на сите Македонци во светот им го честита најголемиот христијански празник Велигден.
– Во овие убави денови на празнување, кога целиот христијански свет го празнува најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, ВМРО-ДПМНЕ им посакува на сите граѓани големината и духовната вредност на овој празник да ни даде силна верба, разбирање, заеднички соживот, мир и толеранција меѓу луѓето, се вели во честитката.