Очекувам во недела граѓаните масовно да излезат, очекувам да го продолжат она што го направија во првиот изборен круг, да се зголеми поддршката за мене. Кандидатот на власта не може да направи ништо друго освен она што го правеше оваа власт зошто и самиот тврди дека 102 отсто се согласува со лидерот на СДСМ, изјави денеска, Гордана Силјановска Давкова.
-Очекувам да се соберат околу членството на ВМРО-ДПМНЕ кое ме поддржа на конвенцијата и сите оние кои можеби овие две години ги немаше. Значи да се вратат во јатото на оние кои што заговараат реформи се разбира за реформите да се борат внатре. Зошто очигледно е дека ако ВМРО-ДПМНЕ отвори врата за мене со тоа покажа демократски исчекор. Јас се надевам дека кон членовите, симпатизерите оние кои се за реформи ќе се приклучат и неопределените гласачи, ќе се приклучат и разочараните од катастрофалните политики на СДСМ во овие две ипол години. Зошто? Зашто на прагот сме пред соопштувањето на одлуката дека почеток на преговори нема. Зошто? Зашто ниту еден критериум копенхагешки оваа власт не исполни, зошто власта ја користеше само за сопствени цели од неа европски профил на политичар и на европски профил од овие неевропски политичари не можеме да очекуваме реформи, додава Силјановска.
Таа вели дека е убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, европска Македонија. Зошто очигледно е дека промени реформски може да направите само ако и себе се реформирате.
-ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави во моментов, ќе му се приклучат се разбира и нови политички сили во градење на ново парлементарно мнозинство, а оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе, рече Силјановска.