Еден булевар во Лос Анџелес денеска доби име по поранешниот американски претседател Барак Обама.
Булеварот „Обама“ е отворен со концерт и свечена церемонија.
– Имам можност да живеам во време кога го избравме нашиот прв црномурест претседател, изјави пречесниот Расел Торнхил од јужниот дел на Лос Анџелес.
Претседателот на Градскиот совет, Херб Весон нагласи дека „со овој потег јавно се документира што значи наследството на Обама како прв црномурест претседател на американската нација за нашиот град и нашата заедница во јужниот дел на Лос Анџелес“.