Унгарија ќе купи оклопни возила од турско производство, со што ќе стане првата членка на ЕУ, чија армија ќе биде опремена со воена техника произведена во Турција, објави весникот „Сабах“.
Весникот посочува дека со ова Унгарија ќе биде шеста земја во светот чии вооружени сили ќе ги користат турските оклопни возила „Ејдер Јалчин 4х4“ и втора опремена со „Јорук 4х4“.
Двата типа оклопни возила се произведуваат во турската компанија „Нурол Макина Санаји“ (НМС).