Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, стана најдобриот стрелец во шампионатот во Шпанија за сезоната 2018/19. Аргентинецот постигна 36 гола, убедливо повеќе од своите конкуренти – соиграчот Луис Суарез и напаѓачот на Реал, Карим Бензема кои во листата на стрелците се запишаа по 21 пат.
Претходно Меси трофејот Пичичи го освојуваше во 2010, 2012, 2013, 2017 и 2018 година.
Капитенот на каталонскиот тим се изедначи со Телмо Сара, кој исто така шест пати беше најдобар стрелец во лигата (1945, 1946, 1947, 1951, 1953).
По пет трофеи Пичичи имаат Алфредо Ди Стефано, Енрике “Кини” Кастро и Хуго Санчез.