22 мај 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 мај.

Денеска е Св. пророк Исаија.

Свети пророк Исаија живеел и пророкувал 700-ни години пред Христа. Но, и покрај тоа, поради неговите јасни пророштва за Христовите страдања кои тој ги гледаше како да му се случуваат пред очи црквата го нарече петтиот евангелист. Потекнувал од царски род. Се родил во Ерусалим, а татко му се викал Амос. Имајќи голема благодат во себе, тој се удостои да го види Господа опкружен со шестокрили серафими, кои непрестано пеат: свет, свет, свет е Господ Саваот. Пророкувал многу нешта на поединци и на цели народи, но најважни му се пророштвата за воплотувањето на Бога, за зачнуваwето на пресветата Дева, за Јован Претеча и, како што рековме, за самиот Христос. Убиен е од своите сонародници, Евреите, надвор од ѕидините на Ерусалим.