Зоран Заев и Павле Богоевски се криминалци. И за Заев и за Богоевски постојат тонски записи од вршење на криминал. И Заев и Богоевски се криминалци. Заев и Богоевски можат да соработуваат само во затвор.
Ова се вели во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со оставката на пратеникот Богоевски и изјавата по тој повод на премиерот Заев.
– Оставката на Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев. Тој иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оставката на Богоевски, се додава во реакцијата, е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати.
– Наместо само оставка потребна е кривична одговорност. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка. Местото на Богоевски не е во политиката исто како и на Заев, неговото место е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава, се вели во соопштението.