Според православниот календар денеска е Свети апостол Јаков Заведеев. Свети Јаков е брат на богословот и евангелистот Јован. Тој беше меѓу неколкумината најблиски Христови ученици. Со него беше на Гората на Преображението, во Гетсиманија…
Него и брат му Јован, Христос ги нарече синови на громот, поради нивната искрена и пламена вера.
По Христовото вознесение тој останува во Ерусалим, а од книгата Дела апостолски дознаваме за неговата маченичка смрт во времето на Ирод Агрипа Први (44 година). Подоцна, моштите му се пренесени во Шпанија. Постои предание дека таму и проповедал, но не може да се земе како веродостојно.
Според католичкиот календар денеска е Св. Андрија Хуберт Фурнет.
Тој бил роден во 1752 година во Сант Пјер де Маиле, во Франција. Се одлучил за духовниот сталеж и во 1776 година станал свештеник. Целиот свештенички живот го посветил на одгледување деца, им помагал на болните луѓе и сиромашните. Луѓето го почитувале како вистински светец. Господ го прославил со многу чудесии. Умрел во 1834 година.