Поранешниот американски специјален претставник за Косово, Кристофер Хил, вели дека во однос на Косово, Европа не може да смета на поддршката на администрацијата на Доналд Трамп, бидејќи, како што нагласува, Вашингтон практично „кренал раце“ од косовското прашање.

Во изјава за Дојче Веле тој вели дека „унилатерализмот” на администрацијата на Трамп ги прави САД „неважни каде што треба да бидат важни”, како на пример во решавањето на преостанатите прашања на Балканот.

– Се надевав дека (американскиот државен секретар) Мајк Помпео подобро ќе ги разбере тие прашања од тексашкиот менаџер за нафта и гас, Рекс Тилерсон, но тоа трае подолго отколку што ми е прифатливо. Европа навистина мора да го види ова како „време на Европа” , вели Хил.

Тој нагласува дека му е жал што пет членки на ЕУ се уште не го признале Косово, но дека ги разбира нивните причини, бидејќи, како што вели, „секој има свое Косово”.