По речиси шест часа пролонгирање, ракометарите на Вардар конечно слетаа на Александар Велики во Скопје. Илјадници навивачи ги пречекаа, многу повеќе ги чекаат на плоштадот Македонија. Меѓу скандирањата „Ајде Вардаре“, се слушаше и „Никогаш Северна“.
Прв низ ареодмормот се прошета Стоилов носејќи го на раце трофејот. Прославата допрва се очекува на главниот скопски плоштад, иако, се чини, се беше направено илјадниците луѓе да се разотидат. Но, тие чекаат. И ќе чекаат, па макар тоа било и на полноќ.