Руските сили за воздухопловна одбрана успешно тестираа нова ракета пресретнувач, која ја лансираа од територијата на Казахстан, соопшти руското Министерство за одбрана.
– По низа тестови, новата ракета пресретнувач ги потврди своите карактеристики и успешно ја исполни задачата со прецизен удар во утврдената цел, изјави заменикот командант на единицата за ракетна одбрана Владимир Сергијеник.