Поради преголем број на приклучувања на интернет страницата на француската даночна управа, системот падна и беше недостапен до претпладнево, јавува МИА.
Три милиони француски обврзници скоро истовремено во последен момент сакаа да ги пополнат даночните пријави на интернет, но поради ваквиот голем број на приклучувања, системот автоматски реагираше мислејќи дека станува збор за хакерски напад и се блокира самиот.
Проблемите со декларацијата го наведоа министерот за јавни сметки, Жералд Дарманиан да го продолжи рокот за пријавување на даночните пријави за 48 часа, односно до четврток на полноќ.