Делегатите од Кина за малку не го турнаа кинескиот претседател Си Џинпинг по пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Веднаш по завршувањето на дискусијата, новинари и претставници на делегации од различни земји притрчаа до бината: додека се обиде да постават прашања, други сакаа да се фотографираат.
Најактивни беа претставниците од Кина кои гласно го поздравија својот лидер и се обидоа на секој можен начин да го привлечат неговото внимание.
Си Џинпинг се обиде да се ракува со еден од нив, но изгуби рамнотежа. Претседателот на Кина го задржаа телохранителите на рускиот претседател.
Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 6 до 8 јуни.
Нихао! Журналисты китайского пула так горячо приветствовали Си Цзиньпина, что чуть не уронили китайского лидера. Охрана Путина помогла ему удержаться pic.twitter.com/7n1JQaYqA6
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) June 7, 2019