Туркиш ерлајнз има намера да вработи 1.000 пилоти, изјави заменик генералниот директор на компанијата задолжен за човечки ресурси.
„За да ги оствариме нашите потреби, ни требаат 1.000 пилоти“, изјави Абдулкарим Цај.
Тој додаде дека капацитетот на компанијата ќе се зголеми со отворањето на новиот аеродром во Истанбул, кој официјално ќе биде пуштен во употреба на 29 октомври.
Според соопштението на националниот авиопревозник, лицата кои се под 35 години и кои имаат најмлаку прв степен на пилотска академја, ќе можат да се јават на огласот за пилоти.