Denesen.mk
05.08.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

Минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ од онаа во седум земји членки на ЕУ

НИКОЛОСКИ: Секогаш сме спремни за избори, но најверојатно ќе одиме на редовни

НИКОЛОСКИ: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе биде пуштена во следните месеци, целосно завршување до мај следната година

КЕНЕДИ ЈУНИОР ВО ИНТЕРВЈУ ЗА Си-Ен-Ен: Не е само ковидот, и лајмската болест и респираторниот синцицијален вирус се излезени од лаборатории

ЃОРЃИЕВСКИ: Утре и задутре 456 онколошки пациенти, кои аплицираа за еднократна парична помош, ќе ги добијат парите на своите сметки

Македонија

КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

/ 12.06.2019
Share
КРИВИЧЕН СУД: Ново рочиште за „Талир“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено на барање на одбраната, поради отсуство на обвинетиот Леко Ристоски.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРО-ДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

(ФОТО) ЈАНЧЕВ: Целосно изгаснат пожарот кај село Раец

(ВИДЕО) ПРОНАЈДЕНИ ОКОЛУ 230.000 ЕВРА: Паднаа двајца странски државјани со фалсификувани пари

НИКОЛОСКИ: Секогаш сме спремни за избори, но најверојатно ќе одиме на редовни

НИКОЛОСКИ-ВАРНС: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство

Амбасадорот на Казахстан во посета на Охрид, најавено отворање на почесен конзулат

ТОШКОВСКИ: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести

Најнови вести

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност


Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид


(ФОТО) ЈАНЧЕВ: Целосно изгаснат пожарот кај село Раец


УНИЦЕФ: Мора да престанат нападите во Русија и во Украина во кои гинат деца


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ