Мини самитот на ЕУ во Брисел завршил без конкретен договор по прашањето за бегалците, но сепак со „искрени разговори“ за проблемот кој неделава може сериозно да ја смени Европа, пренесуваат светските агенции.
Лидерите на 16 од 28 земји на ЕУ се обиделе да најдат „европски решенија“ во период кога драстично е намален приливот на имигранти од Африка и од Блискиот Исток.
Сепак, останува нејасно дали на Балканот ќе се отвораат прифатни центри или не. Еден од плановите е такви центри да има во Северна Африка – во Алжир, Египет, Либија, Мароко, Нигер и во Тунис, како и во Албанија. Сепак ова го негираше премиерот Еди Рама.
Од друга страна, пак, африканските земји не се согласуваат со планот и се против такви центри.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас исто така изразил „срриозни резерви“ на планот и бил против отворање прифатни центри на Балканот.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја се најде на последната рута на мигрантите, изјави дека нема да има прифатни центри за мигранти на Западен Балкан.
-Се разговараше главно за можностите за отворање прифатни центри кои би биле надвор од територијата на ЕУ. Мојот впечаток е дека од тие шпекулации, дека тие би биле во нашето соседство, од тоа веројатно нема ништо-изјави Пленковиќ.
Сепак, Макрон се злагалал за отворање такви центри и на Балканот.