Германскиот весник „Билд“ попладнево објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама, поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функционери од социјалистичка партија.
Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја, кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.
-Прислушуваните разговори се од досието 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција – пишува новинарот Питер Тиде.
Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната админстрација им е забрането учество зборна кампања или избор за некоја политичка партија во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.
И во останатите снимки функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте.
Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досието.
-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство е направено со флагрантно кршење на законот, соопшти обвинителството.