Европската фудбалска асоцијација одби да даде коментар за притворањето на поранешниот шеф на организацијата Мишел Платини.
Денес Французинот беше приведен за да сведочи за корупцијата при изборот на домаќинот на Светското првенство во 2022 година.
– До овој момент немаме коментар, објави прес-службата на УЕФА.
Во 2015 година, Платини беше суспендиран од фудбалски активности за нелегално добивање на два милиони швајцарски франци од претседателот на ФИФА Сеп Блатер во 2011 година.
Платини беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година.