Ви ја предлагаме оваа неверојатно вкусна чорба од шампињони. Овој топол оброк е одличен предлог за сите оние кои закаат оброкот да го започнат полека, со топла чорба. Може да се служи со леб.
Потребни состојки:
300 – 400 грама шампињони
3 децилитри млеко
Малку тестенини
1 глава црн лук
7 лажици брашно
Зачин С
Кисела павлака
Начин на подготовка :
1. Ситно исецкајте ги шампињоните и лукот и динстајте ги на масло за готвење.
2. Кога ќе омекнат, додадете го брашното, а кога и тоа ќе се испржи додадете го млекото. Внимавајте да не се создадат грутки, додадете и малку вода.
3. Гответе така 20 минути, а потоа додадете ги тестенините и зачинот С.
4. Варете ја чорбата уште 10 минути, а потоа додадете ја и киселата павлака.
Уживајте!!!