Напаѓачот на Барселона, Филипе Кутињо повторно може да стане играч на Ливерпул.
Според „Ле 10 Спорт“ клубови од Премиер лигата, вклучувајќи го и Ливерпул, се заинтересирани за фудбалерот. Челзи и Манчестер јунајтед, исто така покажале интерес за него, но поради забраната за трансфер, лондонскиот клуб нема да може да направи трансфер.
Минатата сезона, 27-годишниот Кутињо настапи на 54 натпревари за Барселона, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.