Синди Крафорд ја започна својата кариера пред три децении и брзо се стекна со епитетот една од најубавите жени во светот. За многу најубава за сите времиња. Свесна за нејзините години, но исто така и за убавина, таа често се фотографира без шминка и без облека. Тоа не е чудно за неа.

Меѓутоа, во една прилика, предизвика таков гнев кај  народот, што мораше да стане и да се брани во рамките на еден панел, каде што во неколку реченици ги уништи злите јазици.

 

View this post on Instagram

 

Going au naturale for @russelljames. Congrats on the Angels in the Desert opening and the new book, Russell! #AngelsFineArtCollection

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

„Се сеќавам дека некоја злобна личност на Инстаграм, каде што знаат многу да се најдат, објави нешто во смисла – зошто ова се уште го правиш во тие години?”, почна Синди, прашувајќи се дали навистина има старосна граница по која соблекувањето не е океј.

Таа потоа истакна дека токму поради таквите лоши кометари, таа продолжува да се занимава со работата со која се занимава и да се фотографира гола.

Дали имаме рок на траење? Не изгледам исто како на 20, 30, па дури и 40 години. Но, ако се грижиме самите за себе, зошто да не? Дали позирам во минијатурни танги на плажа? Не. Но постојат места каде што сакам да се чувствам убаво гола, приватно, со сопругот“, вели таа.

Инаку, Синди и нејзиниот сопруг се во брак од 1998 година и имаат две деца.

 

View this post on Instagram

 

Back in NYC… and living in these combat boots (day and night) ?

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on