Името кое ни го даваат нашите родители некогаш многу е важно за нашиот живот во иднина и многу кажува за нас.

Сигурно не ви било мило доколку се викате „Марихуана Пепси Вандик“, но оваа жена благодарение на тоа име докторирала.

Жената која целиот свој живот се обидувала да го прифати своето необично име кое ѝ го дале нејзините родители, докторирала на тема на нејзиното име.

Марихуана Пепси Вандик (Marijuana Pepsi Vandyck), одбивала да го промени своето име за да си докаже себеси и на другите дека е возможно да се совладаат препреките.

Мајка на едно дете, минатиот месец официјално станала д-р Марихуана Пепси, откако се стекна со докторат на Универзитетот во Висконсин.

Нејзината мајка сметала дека нејзиното име кое ѝ го дала ќе ја „однесе околу светот“, изјавила д-р Вандик.

Таа го напуштила својот нестабилен дом кога имала 15 годиди, завршила средно училиште и факултет, а набрзо си ветила самата насебе дека ќе докторира.

Таа вели дека на училиште ја исмејувале, а наставниците и шефовите се обидувале да ја наговорат да го промени своето име, но таа одбила.

„Луѓето од тоа прават толку голема работа“ – изјавила таа.

И темата на нејзиниот докторат била поврзана со нејзиното име „Црните имиња во белите училници: Однесувањето на наставниците и перцепцијата на учениците“.

Вадник изјавила дека студентите кои ги заинтересирала за нејзината теза имале слични искуства во текот на растењето во кои наставниците повеќе пати ги испрашувале за нивните имиња.

Марихуана Пепи е вработена на Универзитето Белоит и вели дека без оглед на своето име никогаш не пушела марихуана ниту пак пиела пепси.