Во ред, премиерот Зоран Заев или вицепремиерката Радмила Шеќеринска имаат право да држат пропагандни говори за придобивките од зачленувањето на Република Македонија во НАТО, но кога таа индоктринација се врши врз деца, многу потсетува на времето „друже Тито, ми ти се кунемо“.

„НАТО значи натаму. НАТО значи чист воздух. НАТО е кога ми ја подаваат топката кога играме фудбал. НАТО е кога ѓубрето се фрла во корпа за отпадоци“.

Тоа се само дел од искрените одговори на деца кои претходно не биле подучени колку земји се членки на НАТО.

А има ли некој што точно знае да одговори: Кој ум смислил и со кој памет се врши ваква индоктринација и милитаризација на деца кои штотуку ја научиле азбуката и таблица множење?