Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради продолжувањето на можниот турски „провокативен” настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот весник Катимерини.
Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење на нафта и гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран.
Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да реагира доколку Турција спроведе истражувања внатре, по тврдењата на грчки официјални лица, во грчкиот континентален појас.
„Плановите се базира првенствено на маневрите на грчката морнарица поради тоа што Турција користи за истражување бродови со цел да го утврди своето присуство во регионот, сепак, воздухопловните сили на Грција ќе имаат улога во секој одговор”, пишува грчкиот весник.
Праша минатата недела дали Грција може да смета на поддршката на ЕУ или САД во случај на инцидент, министерот за одбрана на Грција Евангелос Апостолакис рече дека не постои такво ветување и дека ако мораат да реагираат, се очекува да бидат сами.