Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела ќе ја посети Јужна Кореја за да разговара за начините за заживување на нуклеарните разговори со Северна Кореја, објави Кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

-Трамп треба да ја започне својата дводневна посета в сабота и да одржи самит со претседателот Мун Џае-ин в недела, по самитот на лидерите на Групата од 20 најголеми економии во западниот град Јапонија Осака, изјави портпарол на претседателот Мун.

Посетата на Трамп се реализира откако во минатата недела тој размени писма со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.