Шумски пожари беснеат на околу 4.000 хектари во североисточната шпанска провинција Каталонија, а пожарникарите велат дека огнот може да погоди површина од околу 20.000 хектари поради топлотниот бран што ја погоди целата земја.
Температурите во некои делови на Шпанија денеска и утре ќе достигнат дури 43 степени.
Регионалната влада во Каталонија соопшти дека околу 30 лица биле евакуирани од околните фарми поради пожарите што ги оквалификуваа како најлоши во изминатите 20 години.
Хеликоптери исфрлаа вода врз ридови во пламен околу 80 километри од крајбрежниот град Тарагона.
Нема извештаи за можни жртви.