Во Велика Британија трет ден по ред се забележани невообичаено високи температури на воздухот, а во северна Англија регистирирани се и пожари.

Според метеоролозите во Велс утре се очекува температура над 32 степени Целзиусови. Според прогнозите високи температури ќе има до почетокот на следната недела.

Највисока температира во Велика Британија во јуни месец е 35,6 степени и е измерена во пристаништето Саутемптон во 1976 година.