Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, во пресрет на вечерашниот дуел со Аргентна, стравува од најдобриот играч на „гаучосите“ Лионел Меси.
– Меси не можете да го исклучите целосно од натпреварот. Можете да го успорите, но целосно да ги неутрализирате неговите акции. Не. Би било одлично ако нашите навивачи ни дадат иста поддршка како кога пристигнавме во хотелот. Тоа ќе ни даде дополнителна сила, изјави Тите.
Полуфиналето на Купот на Америка меѓу Бразил и Аргентина ќе се игра во Бело Хоризонте вечер од 2:30 часот по средноевропско време.