Кремљ денеска соопшти дека деталите за пожарот во кој загинаа 14 членови на екипажот на подморница нема да бидат објавени, бидејќи вклучуваат класифицирани информации.
– Таква информација не може целосно да се објави. Тоа спаѓа во категоријата државни тајни, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Морнарите загинаа во понеделникот во територијалните води на Русија на далечниот северен дел на земјата, но за катастрофата беше објавено вчера.
– Сосема е нормално што такви информации не се објавуваат, нагласи Песков, додавајќи дека тоа е „во согласност со закони на Руската Федерација“.
Официјалните лица дадоа малку информации за подморницата и околностите на несреќата, додека локалните медиуми известуваа дека тоа била тајна мини-нуклеарна подморница.